Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стефан Апостоловски: Желбата за победа беше на наша страна
Стефан Апостоловски: Желбата за победа беше на наша страна

Стефан Апостоловски: Желбата за победа беше на наша страна

Кадетите на Рк Вардар го стартуваа вториот дел од сезоната, со победа во автокоманда. Тие беа поуспешни од екипата на Металург, совладувајќи ги со резултат 18:21. Во второто полувреме Вардар го скрши отпорот на противникот. На моменти имаше предност од 5 гола, која можеше и да се зголеми. Во нашата екипа највеќе се истакнаа Александар Мирчев со 7 и Стефан Апостоловски со 4 постигнати голови. Одличен на голот беше и младиот Трпевски кој имаше 15 одбрани.

- Тоа беше еден квалитетен натпревар, на две изедначени екипи. Желбата за победа беше на наша страна, што беше и пресудно за конечниот исход. Целата екипа играше добро, и сите играчи дадоа свој придонес за победата. Задоволен сум од мојот учинок, но победата е на сите нас, ни изјави Стефан Апостоловски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски