Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јованка Радичевиќ за Вардарфанс: “Првиот од трите чекори“ го поминавме
Јованка Радичевиќ за Вардарфанс: “Првиот од трите чекори“ го поминавме

Јованка Радичевиќ за Вардарфанс: “Првиот од трите чекори“ го поминавме

Жрк Вардар во второто полувреме го скрши отпорот на Лајпциг, и успеа да забележи многу важна победа, која им дава дополнителен мотив и потик за последните два натревари од оваа групна фаза. Со овие два нови бода, моментално имаат 7 и се наоѓаат на третото место на табелата, во очекување на денешниот епилог од дуелот помеѓу Турингер и Крим Меркатор.

Јунак на натпреварот беше одличната Ина Суслина, која правеше чуда на голот. Свој значаен придонес дадоа и Алтхаус која беше најефикасна со 6 гола, Николиќ и Ихнева додадоа 5 , како и Радичевиќ која постигна 4 гола.

-Првиот од трите чекори го поминавме. Играта не беше баш на она врвно ниво, но нашата енергија и желбата за победа во одбрана беше одлична. Затоа и победивме со шест гола разлика. Во нападот имавме проблеми. Но најбитно од се е што победивме, и сега мислите се насочени кон Крим.

Втор по ред натпревар, девојките ја имаа подршката од навивачката подгрупа на Комити-Комбат.

-Благодарност за подршката, благодарам на навивачите Комбат што не подржуваа. Со нив е многу полесно да се стигне до посакуваната цел, изјави Радичевиќ за Вардарфанс.

Звонко Ивановски