Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардаров ”танц” во Кратово

Вардаров ”танц” во Кратово

По пауза од три месеца, повторно се вратија возбудувањата во ПМФЛ, и на нашиот миленик Фк Вардар.
Денес во Кратово Вардар победникот го реши по само 15-тина минути игра.
Една убедлива, сјајна игра, како само што му доликува на најголемиот претендент за титулата оваа година.
18496_771649189596764_1689239510585774450_n Голејадата ја започна нашиот Дијамант, Филип Ивановски уште во 11 минута.
Не требаше многу да чекаат Вардаровите навивачи за да го проследат и вториот гол. Навидум во 14 минута по една одлична акција Дејан Блажевски од 25 метри со лоб удар го постигна најубавиот гол денеска.
По само четири минути игра, со еден шут од далечина Дејан Блажевски го измами противничкиот голман за убедливи 0:3

Вардар имаше уште многубројни шанси, во 33 минута Горан Попов од 30-тина метри упати бомба кон голот на Кратовчани, но дирекот беше сојузник на домашниот голман. Со овој резултат се отиде на полувреме.

Во вториот Вардарци напаѓаа, ја имаа топката во своите нозе како и во првото полувреме. Имаа три одлични шански за зголемување на водството, но домашниот голман двапати ја сочува својата мрежа.

Со оваа победа Вардар се задржа на 1-та позиција со 3 бода предност над Работнички.

Комити со одлично навивање го проследоа дуелот во Кратово, на овој меч имаше околу 400 Комити

Фото:фквардар.мк