Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Дарко Додевски: Среќен сум што се вратив со погодок, после паузата од две недели.
Дарко Додевски: Среќен сум што се вратив со погодок, после паузата од две недели.

Дарко Додевски: Среќен сум што се вратив со погодок, после паузата од две недели.

Продолжуваат имресивните игри и резултати за кадетите на Фк Вардар во овој подготвителен период.После убедливата победа против екипата на Работнички со 5:0, вчера црвено-црните забележаа нов триумф. На теренот во кадино ја декласираа екипата на Цементарница со 7:0. Имаше и седум различни стрелци за овој меч: Виктор Димков, Дарко Додевски, Есмин Личина,Ердон Даци,Александар Најдоски, Бенјамин Салков и Јасир Беќири.

-Влеговме како и секогаш со мотив за нова победа. На натпреварот доминиравме во текот на сите 90 минути. Создадовме многу шанси, од кои и реализиравме доста од нив. Среќен сум што се вратив со погодок, после две недели пауза поради повреда. Ќе работам уште понапорно за да ја кренам формата на највисоко ниво и да и помогнам на екипата.

Резултатите во припремниот период, покажауваат дека оваа екипа се наоѓа во сјајна форма, каква што беше и во првиот дел на сезоната.

-Подготовките течат според планот. Атмосферата во екипата е на највисоко ниво, и очекуваме да ја освоиме двојната круна, ни изјави Дарко Додевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски