Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Никола Џурџу: Задоволен сум од моменталната форма на екипата
Никола Џурџу: Задоволен сум од моменталната форма на екипата

Никола Џурџу: Задоволен сум од моменталната форма на екипата

И помладите пионери на Фк Вардар активно се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, во пресрет на натпреварот од полуфиналето во националниот куп против екипата на Македонија Ѓ.П. Вчера во Драчево одиграа пријателски натпревар против екипата на ССК, и забележаа победа со резултат 4:0. Марко Ѓоргиевски стрелаше два пати. По еден гол постигнаа Мартин Филипоски и Никола Џурџу.

-Вчерашниот натпревар го одигравме добро. Имавме повеќе шанси за гол кои не ги искористивме, но сепак забележавме убедлива победа. Од моменталната форма на екипата сум задоволен, која оди во нагорна линија на секој нареден натпревар. Ова е благодарение на нашиот тренер Сашо Тодоровски.

Првиот натпревар во втората полусезона, би требало да го имаат во периодот од 7-11 март. Тогаш се игра полуфиналето од националниот куп, против екипата на Македонија Ѓ.П.

-Нашите очекувања се две титули оваа сезона во првенството и купот на Македонија, изјави Никола Џурџу за Вардарфанс.

Звонко Ивановски