Сите патишта денес водат кон С.Ц. Јане Сандански, каде не очекува Европското ракометно дерби помеѓу нашиот Вардар и екипата на Веспрем. Натпревар кој ќе донесе многу возбудувања и возвишки кај навивачите. Денес се очекува осми играч на ракометарите да бидат најдобрата навивачка група во Македонија, популарните Комити кои треба да го понесат својот миленик кон една голема победа. Во пресрет на денешниот дуел, на својата официјална страна го напишаа следново:
Не постојат изговори поради кои нема да се присуствува на отварањето на Комитската пролет!
– Дланка, срце, глас оставаме на трибина, не се штедиме ниту себеси а ниту противниците !!!
– За да им дадеме крилја на нашите момци на терен, а потоа со истите заедно да полетаме кон Европските висини и слава!
– За Саздо! Да потсетиме дека душата негова ниту нашите не мируваат, дека секој изминат ден калкулирање не збеснува и прашање е на време кога ќе експлодираме !!!
– За Перо – Метал Форс, жртва на нефункционалното судство кое врши прогон на се што се идентификува со нашето име !!!
– За Вардар! За ние нему но и тој нам ни подари љубов и заедно да оставиме Срце на терен и трибини!
– За Македонија! Обединета од Белото море до отецот Прохор Пчински, од Пирина до Шара !!!
– За наша душа, да го осетиме оној адреналин кој ни ја враќа самодовербата и прави да сме моќни и бескомпромисни !!!
– За да покажеме кои сме и од што сме направени !!!
СИТЕ ВО САЛА!!!