Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардарецот Какруки со кош во последната секунда им донесе победа на јуниорите
Вардарецот Какруки со кош во последната секунда им донесе победа на јуниорите

Вардарецот Какруки со кош во последната секунда им донесе победа на јуниорите

Македонската репрезентација составена од кошаркари до 20 години ја забележа втората победа на подготовките за Европското првенство Б-дивизија што во јули се одржува во Португалија.

Во првиот од двата предвидени дуели со Унгарија во Сехешфехервар, нашите кошаркари славеа со 56:58.

Кошот за победа го постигна играчот на КК Вардар,  Валмир Какруки во последната секунда, на асистенција на Дамјан Крстевски. Според селекторот Дарко Радуловиќ, македонската репрезентација требала да триумфира многу поубедливо, но осцилациите во играта придонеле победникот да се решава во финишот.

Какруки е најефикасен во нашиот национален тим и единствен со двоцифрен број поени (10), Темелковски постигна 9, а Митевски 8.

Утре од 15 часот нашите јуниори ќе одиграат уште еден натпревар со унгарската репрезентација.

basketball.mk