Новата сезона во првата македонската фудбалска лига ќе стартува на 11. август, додека првата рунда од националниот куп ќе се одигра десет дена подоцна. Вака беше одлучено, на седница, на управниот одбор на ФФМ.
Есенскиот дел од сезоната би требало да финишира во средината на месец декември, додека зимската пауза ќе трае се до крајот на месец февруари 2020 година.
Екипата на Шкендија ја брани титулата, додека Вардар ќе се обиде, иако со подмладен состав, да го нападне врвот. Денес со почеток од 18:00 часот најтрофејниот клуб во Македонија на комлексот во населбата Хиподром и официјално ги стартува подготовк за новата натпреварувачка сезона.