Кадетите на ракометниот клуб Вардар го освоија третото место во кадетската лига, за натпреварувачката 2018/19 сезона. Избраниците на Будимир и Станковски имаа пред себе одлична сезона, каде доминираа во својата група освојувајќи го убедливо првото место. На 16 одиграни натпревари собравме 43 бодови, односно имавме 14 победи и по само еден нерешен резултат и пораз. Единствениот пораз го доживеавме на гостувањето кај екипата на Аеродром, додека нерешениот резултат беше во дерби дуелот против екипата на Металург, меч кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда. На сите останати мечеви, црвено-црните доминираа и забележуваа победи. Заедно со екипата на Макалоски ја имавме и најдобрата одбрана, во сите три групи од лигата, каде примивме 333 голови, додека имавме исто така и ефикасен напад со 518 постигнати голови. Исто така, Вардар беше единствениот тим од групата 1 кој успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир.
Ова се сите постигнати резултати за кадетскиот тим на Вардар за изминатава сезона:
1 коло: Вардар – Алушовски 43:17
2 коло: Шампион – Вардар 20:23
3 коло: слободни
4 коло: Вардар – Аеродром 29:28
5 коло: Драчево – Вардар 14:36
6 коло: Вардар – Бутел 40:24
7 коло: Пролет - Вардар 25:32
8 коло: Вардар – Металург 32:19
9 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 18:30
10 коло: Алушовски - Вардар 20:27
11 коло: Вардар – Шампион 30:14
12 коло: слободни
13 коло: Аеродром – Вардар 29:27
14 коло: Вардар – Драчево 44:20
15 коло: Бутел - Вардар 20:26
16 коло: Вардар – Пролет 27:18
17 коло: Металург -Вардар 26:26
18 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П. 46:21
На звршниот турнир кој се одигра во Струга, вардаровите кадети се закитија со бронзениот медал. Во полуфиналето бевме поразени од домашниот тим на КЛ-7, додека во малото финале ја победивме екипата на Еурофарм Работник.
1/2 финале: РК „Вардар“ – РШ „КЛ-7“ 21:28 (12:11)
3/4 место: РК „Еурофарм Работник“ – РК „Вардар“ 21:26 (11:11).
Давид Савревски се најде во најдобриот тим на Ф4 турнирот, како најдобар десен бек.