Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар е 14.најдобриот тим на сите времиња во Лигата на Шампионите
Вардар е 14.најдобриот тим на сите времиња во Лигата на Шампионите

Вардар е 14.најдобриот тим на сите времиња во Лигата на Шампионите

Според најновата ранкинг листа, двократниот Европски Шампион, тимот на РК Вардар се наоѓа на 14.место на најдобрите тимови на сите времиња.

Досега, Вардар во Лигата на Шампионите има одиграно вкупно 142 натпревари, од нив 69 ги има победено, на 14 натпревари одиграл со нерешен резултат, додека има и 58 порази. Овие бројки го ставаат Вардар, на 14 позиција на најдобрите тимови.

Најуспешниот тим според бројот на одиграни натпревари и победи е екипата на Барселона, која има 220 победи во најголемото ракометно натпреварување, додека во ТОП-5 најдобри се наоѓаат уште и екипите на Веспрем, Кил, Загреб и Фленсбург.

Вака изгледа листата на најдобрите тимови, а од 20 надоле се екипите кои во следната сезона ќе се натпреваруваат во ЛШ.

vardarfans-rk-vardar