БК Вардар објави дека ги наградил борачите кои изминатиов викенд освоија медали на изборното сениорско првенство.
Наградата за првото место 300 евра, за второто 150 и за третото 50.
На ден 21.01.2023 година, во спортската сала на Гимназија ,, Зеф Љуш Марку ” во
Скопје, се одржа Изборното државно првенство во борење слободен стил и женско борење за
сениори за 2023 година во одлична техничка соорганизација на БК ЛИРИЈА 2010-Скопје.
На првенството земаа учествуво вкупно 78 борачи 16 борачки од следните 11
клубови: БК Лирија2010 – Скопје, БК Балканец2008 – Штип, БК Тефејуз – Скопје, БК
Студеничани – Скопје, БК Вардар – Скопје, БК Бучим – Радовиш, БК Чаир – Скопје, БК 7-ми
Мај– Прилеп, Неготино – Неготино, Вардар1961-Скопје и БК Спартак-Кочани
Нашиот тим одлично се претстави .
Имавме 5 финалисти од кои 3 први места , 2 втори , 4 трети места и 1 петто место
Годинава екипата на Вардар осетно е засилена, покрај првиот ас Могамедгаџи Нуров (125 кг) златен медал на Изборното првенство, во екипата е и Адам Модосијан (86 кг) сребрен, како и домашнито засилувања Аид Салихаси (61 кг) кој освои бронза и Бехар Мамути (79 кг) сребрен, Марко Поповиќ (79 кг) бронза и Марко Андонов (65 кг) – бронза. Кај жените Ерика Крстевска се закити со златниот медал, како и Бојана Лазаревска.
Така, Вардар на Изборното превнство е третото место со 22 бода. Прва е Лирија 2010 со 43 бода, а Балканец 2008 е втор со 35.