Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Денес два дуели, утре и задутре по еден за КК Вардар генер.2006 на “Европската младинска лига“ во Италија
Денес два дуели, утре и задутре по еден за КК Вардар генер.2006 на “Европската младинска лига“ во Италија

Денес два дуели, утре и задутре по еден за КК Вардар генер.2006 на “Европската младинска лига“ во Италија

Црвено-црниот кошаркарски тим “Вардар”, поточно  нашите момци од генерација 2006, се во  Италија. Тие   ќе бидат дел од Европската младинска кошаркарска лига каде во групата имаат четири натпревари за одигрување, за истите е познат распоредот.

Денес (11/01) за одигрување имаме два дуела, во првиот ќе се сретнеме со тимот на Чромик Зарја, а во вториот со екипата на Спу Нитра. За утре е предвиден еден натпревар во истиот за ривал ќе го имаме тимот на КК Флаш,  а последниот ден (13/01) ќе се сретнеме со екипата на Охсиген Оринџ.