Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: Со кам-бекот на Димовски и Поп-Крстев ростерот на Вардар дојде до дури 14 имиња
Куглање: Со кам-бекот на Димовски и Поп-Крстев ростерот  на Вардар дојде до дури 14 имиња

Куглање: Со кам-бекот на Димовски и Поп-Крстев ростерот на Вардар дојде до дури 14 имиња

Куглањето поради пандемијата со корона вирусот во светот, уште во месец март е прекинато, сезоната не се доигра, па  се уважи моменталната табела . По што се поделија местата за настап во Европа и се прогласи првак. Веќе се прават подготовки за новата сезона, 2020/2021 година.

Вардар во последните шест години дури пет пат ќе ја преставува Македонија во кугларска Европа. Ние ќе бидеме дел од НБЦ-купот кој ќе се игра во Апатин, Република Србија. Покрај тоа имаме две старо-нови засилувања. Во „строј“ се враќаат двајца играчи кои оваа 2020 не беа дел од тимот, нивниот кам-бек е потврден. Станува збор за најискусниот и највозрасниот во екипата, поранешниот капитен Миле Димовски кој повторно ќе биде дел од тимот и со своето големо искуство ќе допринесе за подобрување на квалитетот. Потоа младиот, Георг Поп-Крстев се враќа во земјава по престојот во странство поради работен ангаржман и се става на  располагање. Тој ќе биде исто така големо засилување, ако земеме во обзир дека пред да замине беше играч со највисок просек и со најмногу места во топ-6 сегментот од Вардар.

kugla-bitola-21-660x330

Ростерот на црвено-црниот кугларски колектив дојде до 14 имиња, покрај тие кои ја играа минатата сезона, двајцата вратени момци тука се и младите Љупчо Митиќ кој сега е сениор и кадетскиот шампион кој беше „сребрен“ и во младинската конкуренција, надежниот Мартин Митиќ:

РОСТЕРОТ НА ВАРДАР ЗА СЕЗОНАТА 2020/2021:

 Дарко Димитровски,  Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски, Бранко Митиќ,  Марин Митиќ, Влатко Гиевски, Тони Тодоровски, Стојановски Влатко, Саша Јанковиќ, Љупчо Митиќ, Милош Миливојевиќ и  Зоран Ристиќ.

*Можна е промоција на уште некое име во црвено-црниот тим до почетокот на есента, целиот сегашен ростер потврди останување.