Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ОК Вардар: Илиев кариерата ја продолжува во Осијек
ОК Вардар: Илиев кариерата ја продолжува во Осијек

ОК Вардар: Илиев кариерата ја продолжува во Осијек

Како што објавуваа на својот официјален веб-сајт, црвено-црниот обојкарски тим, македонскиот одбојкарски репрезентативец Стојан Илиев ги напушта редовите на Вардар. Тој заминува во интернационален предизвик, селејќи се во редовите на хрватскиот прволигаш МОК Мурса.

Илиев беше еден од најдобрите одбојкари во црвено-црниот дрес во првиот дел од сезонава, неговите одлични игри беа препорака за да добие интересни понуди од неколку клубови, од кои тоа на крајот за најдобра ја избра онаа од хрватскиот клуб.

Стојан Илиев секогаш го даваше максимумот во црвено-црниот дрес, што беше причина без размислување да излеземе во пресрет на овој одбојкар во моментите кога посака да направи чекор напред во кариерата со трансфер во странство. Му посакуваме многу среќа, со надеж дека во иднина повторно ќе го облече дресот на Вардар.