Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар ген.2006 совладан од КК Флеш во Италија, Величковски со дабл-дабл ефект
Вардар ген.2006 совладан од  КК Флеш во Италија, Величковски со дабл-дабл ефект

Вардар ген.2006 совладан од КК Флеш во Италија, Величковски со дабл-дабл ефект

Вчера младите надежи од кошаркарскиот клуб Вардар во средбата за момци од генерација родени 2006 година која се одигра во Италија се сретнаа со тимот на КК Флеш. На средбата која е дел од “ Европската младинска кошаркарска лига “ црвено-црните одиграа солиден дуел, парираа постојано на ривалот, сепак беа поразени на крајот.

Првата четвртина почна со предност на противникот, тие поведоа со 10-15, ние во финишот успеавме да се вратиме и да заминеме на одмор само со минимална негатива од еден поен, 15-16.  Постојано нашиот ривал водеше, додека ние бркавме негатива. На нецели две минути до крајот на четвртиот  период бевме на десет негатива, 53-63. Во финишот успеавме да ја преполовиме со серија 5-0, тоа беше доволно за пораз од 58-63.

Кај нас  најистактант беше Величковски Бојан кој дуелот го заврши  со дабл-дабл ефект. Тој зад своето име имаше 22.поена и 15.скока. Сергеј Младеновски имаше втор ефект, уфрли 12.поени и впиша 5.скока.