Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Атлетика: Завировски со нов настап во недела
Атлетика: Завировски со нов настап во недела

Атлетика: Завировски со нов настап во недела

На 23 октомври со почеток во 13-00 часот по  седми пат, по повод денот на Македонската борба 23. Октомври, ќе се одржи атлетска трка во парк шумата Гази Баба.

Истата ќе биде во должина од 10км, стартот и финишот ќе бидат пред црквата “Сретение Господово”, во населбата Железара, наспорти такси станицата Водно. Петре Завировски одлучи да се натпреварува до крајот на оваа календарска година. Низ годините наназад покажа дека кога е најтешко знае да повлече и постигне исклучителни резултати. Оваа сезона има одлични настапи. Очекуваме до декември да продолжи тоа. А во новата сезона 2023г да гледаме нов уште помоќен перформанс. Нашиот Завировски сезонава бележи исклучително одлични резултати и ја трча една од своите најдобри сезони во кариерата.