КК Вардар, вчера беше домаќин на тимот на Струмица во натпревар од 17.коло во втората кошаркарска лига, на оваа средба дојдовме до важна победа.
Момците на Александар Јованчев успеаа да доминираат на средбата, постојано имаа водство и го одржуваа во текот на речиси целиот натпревар. Победата дојде со 12.поена позитива на натпреварот одигран во малата сала при спортскиот центар „Кале“ во Скопје. Триумфиравме со резултат 75-63, со овој успех се вративме на втората позиција на табелата. Нашиот конкурент за истата тимот на Соколи 1933, беше совладан во Чаир кај тимот на КК Шкупи со минимални 98-97.