Во дуел од првата одбојкарска женска државна лига ОК ВАРДАР Жени 2019 беше домаќин на тимот на ОК Универзитет Тетово, црвено-црните дами на Горан Славков и Ѓатовски Димитар дојдоа до максимална победа со резултат 3:0.
Вардаровиот тим врза две првенствени победи по таа во Битола кај Пелистер сега беа подобри дома од тетовчанки. Првиот сет го добивме со убедлива игра и со високи 25-13, во вториот ривалот даваше отпор далеку повеќе од првиот сет, но поведовме со 2-0 со резултат 25-21 во истиот. Во клучниот сет црвено-црните девојки беа на ниво, успеаа да бидат подобри од тимот на Универзитет Тетово со 25-20 и да впишат победа со максимални 3-0 на оваа средба.