Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед 7.коло! Прв пораз за ЖКК Вардар, Баскет Кам лидер на табелата
Преглед 7.коло! Прв пораз за ЖКК Вардар, Баскет Кам лидер на табелата

Преглед 7.коло! Прв пораз за ЖКК Вардар, Баскет Кам лидер на табелата

По завршувањето на првиот круг од натпреварите, односно седум одиграни кола, екипата на Баскет Кам 2011 остана единствената со максимален ефект во нашата најдобра женска сениорска конкуренција.

Во дерби-дуелот на две екипи кои имаа максималне ефект во шест кола, на свој терен, во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, го победија Вардар со (65:62).

Мечот беше крајно неизвесен во текот на сите 40 минути, а драматичен во онаа последната, во која прво најдобриот поединец на дербиот, Марија Николов, погоди со истек на нападот за (64:60). „Вардарки“ брзо поентираа за (62:64), но направија и прекршок над Николов. Оваа погоди едно од двете слободни фрлања за (65:62).

Гостинките имаа две шанси да дојдат до израмнување, но не ги искористија, па победата остана за девојките од Македонска Каменица, кои беа дополнително ослабени со неиграњето на репрезентативката Елена Тасевска.

Најзаслужна за неа дефинитивно беше Марија Николов која натпреварот го заврши со 22 поена, Цветанка Димова постигна 15, а Катерина Поп Димитровска дополни со 11. реализации.

Со 24.поени, Јелена Антиќ беше најефикасен играч на дербито, а во гостинската екипа, Драгана Петковска додаде 18, а Едина Муса 10.поени.

Вистинско изненадување кое се граничи и со сензација, направи екипата-дебитант во женската елита, Гризли Баскет кој го победи актуелниот шампион Бадел 1862, со минимални (63:62).

До својата прва „стотка“ во оваа сезона, дојдоа кошаркарките на Крива Паланка. И тоа на гостински терен, во Кавадарци, против Пробаскет имаа (100:65) за нивна трета победа во низа.

Победнички, но од гостувањето во Струга, се вратија и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром. Беа подобри од Струга 2009 со сигурни (74:66), па по киксот на Бадел 1862, сега се на третата позиција на табелата, зад водечкиот двоец.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Пробаскет – Крива Паланка65:100

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 66:74

Бадел 1862 – Гризли       62:63

Баскет Кам 2011 – Вардар        65:62

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 14, Вардар 13, МЗТ Скопје Аеродром 11, Бадел 1862 10, Струга 2009 10, Крива Паланка 10, Гризли 9,Пробаскет 7;

ИДНО КОЛО (17.12)

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

Бадел 1862 – Пробаскет

Струга 2009 – Вардар

Баскет Кам 2011 – Гризли Баскет