Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > На првиот домашен дуел годинава, Вардар домаќин на КК Црн Дрим
На првиот домашен дуел годинава, Вардар домаќин на КК Црн Дрим

На првиот домашен дуел годинава, Вардар домаќин на КК Црн Дрим

Викендов, момците на Алесандар Јованчев ќе го играат првиот дуел на домашен терен во 2022 година. КК Вардар ја отвори истата со победа во гости кај Тетекс ТТК и ја зазема втората позиција на табелата.

Црвено-црните ќе бидат домаќини на тимот од Струга, екипата на КК Црн Дрим. Натпреварот ќе се игра задутре, недела (6.февруари). Дуелот  од ова 13.коло во Втората лига кој ќе се игра во малата сала при СЦ „Кале“ е закажан со почеток во 17:00 часот.