На стадион на ФК Зрече, Вардар одигра тест реми без голови со тимот на Херманштад, во меч во кој ние бевме далеку поактивен противник. За нас настапија на овој меч настапија: Кировски (46’ Илиќ), Тошевски, Новак, Попов, Брдаровски, Битанг (71’ Најдовски), Јуфо (21’ Исени), Мицевски (78’ Адем), Цветаноски, Барсегјан, Максимов (65’ Бериша).
Црвено-црниот тим имаше иницијатива, посед на топка и шанси, но немаше среќа да реализира и да дојде до нова победа на подготвителните натпревари. Првата шанса ја имавме во 4. минута преку Барсегјан од левата страна ја упати топката на пет метри од голот, меѓутоа голманот Нига беше на место. Во 12. минута, се закани Цветаноски со удар кој оди крај голот, а истиот играч во 27. минута повторно биеше, топката идеше во голот, но противничкиот голман одбрани.
Нашите момци најсериозната шанса ја имаа во 66. минута кога русинот Максимов ја погоди пречката по одлично изведе слободен удар. Романците на овој дуел беа прилично затворени, за одбележување имаа една шанса, во 3.минута од вториот дел истата ја одбрани Илиќ. Неколку продори и изблокирани удари имаа момците на на Бабунски во продолжение кои не успеаа да ги претворат во гол. Првпат на подготовките играме реми без голови, но веќе навлегуваме во серија од мечеви без да триумфираме.