Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: Вардар триумфално во Битола кај Пелистер
Куглање: Вардар триумфално во Битола кај Пелистер

Куглање: Вардар триумфално во Битола кај Пелистер

Дербито на колото се одигруваше во Битола против силниот Вардар оваа година и Пелистер. Пелистерци со предност од домашниот терен и со невидена атмосфера во публиката за македонски услови, направија амбиент во кој секој куглар би сакал да се натпреварува. Во првиот блок клучен настап имаше поранешниот претседател на Пелистер – Пецо Димовски кој оваа година кугла за Вардар. Пецо имаше 566 кегли и со тој резултат (најдобар во својот клуб) го доби поенот и стекна значајна предност екипно, додека резултатската неизвесност кај пелистерци ја одржа Колев.

Во вториот блок, Вардар беше поставен со своите најсилни поединци Димитровски и Манев и гостите очекуваа натпреварот да биде решен после нивниот настап, со нивни 2 поени и стекнување на недостижна разлика. Но, куглањето како и секој друг спорт донесе драма преку одличните настапи на Андоновски (572, играч на натпреварот и втор резултат во лигата) го доби поенот и Младеновски (547) ој не дозволи најдобриот играч во лигата да му направи разлика што ја зовре публиката и го доведе натпреварот во резултатска неизвесност со 2:2, додека вкупната разлика остана слична и даде можност во последниот блок да се реши победникот.

Третиот блок, со значителен психолошки набој од неизвесноста на натпреварот, се рефектира на играта на кугларите посебно кај пелистерци. Архан Арслановски како најмлад куглар на натпреварот не го издржа притисокот на натпреварот и беше променет во вториот сет поради лошата игра, додека Дарко Димитровски ја искористи таа лоша игра на противникот и иако вон форма, успеа одлично да изигра два сета и да го внесе натпреварот на сигурно за Вардарци. Поповски успеа да го добие Јанковиќ. Со 3:5, Пелистер ќе ја бара својата шанса за третото место во МКЛ оваа сезона.

Вардар Б  имаше лесна задача, на домашен терен ја совлада екипата на   ГТЦ Мусандра (ж) со 7 : 1.