Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Жаклина Стојановска нов тренер на ЖКК Вардар

Жаклина Стојановска нов тренер на ЖКК Вардар

stojanovska

Поранешната македонска репрезентативка и една од најдобрите кошаркарки во земјава во новата сезона ќе го предводи бранителот на титулата во Купот на Македонија и актуелен вицешампион.

Жаклина Стојановска доаѓа во ЖКК Вардар на местото на Срѓан Дамњановски кој се повлече од тренерската функција во првиот тим поради приватни причини.

Женскиот кошаркарски клуб Вардар постои само две години, но во двете сезони го освојуваше трофејот во Купот на Македонија и играше во финалето од првенството.

 извор: https://basketball.mk/