Денес е предпоследен ден на меѓународниот турнир “Пирин куп“ кој се игра во Банско- Бугарија. Вардар учествува со три селекции, на сите три попладневни дуели ние дојдовме до победи. Во 1/2-финалињата во своите генерации настапија родените 2008 и 2009 и двете екипи обезбедија финале. ФК Вардар генер.2007 играше во дуелот за 5-место и исто така победи.
ФК Вардар генерација 2009 предводена од Зоран Петковски, триумфално мина и во полуфиналето со што обезбеди учество во големото финале. Наш противник беше екипата на ФК Локомитив Софија и истата ја добивме со високи 3-0. За црвено-црниот тим сите погодоци ги постигнаа еден играч, станува збор за Трпевски Лука. Утре во големото финале не очекува тежок дуел за златното одличје.
ФК Вардар генерација родени 2008 година обезбедија финале по денешната победа во полуфиналето над ФК Еврофудбал од Охрид. Момците предводени од Миле Крстев, триумфираа со резултат 4-0. Ние уште по крајот на првиот дел успеавме да поведеме и да најавиме пласман во најважниот дуел на турнирот, финалето. На одмор заминавме со високи 3-0 предност, а во вториот дел дадовме уште еден гол за потврда. Стрелци на головите беа: Матео Кесиќ, Стефан Бранковски, и Ненад Дамјановски кој погоди два пати. Финалето не очекува утре од 10-30 против тимот на Академија Пандев.
Генерацијата родени 2007 денес играа во дуелот за 5/6-место тие се сретнаа со тимот на ФК Бургаз. Момците на Чунга одигаа повторно одличен дуел, доминираа и дојдоа до триумф во истиот. Со оваа победа ние дојдовме до петтата позиција на табелата во генерацијата родени 2007. Победата беше остварена со два гола предност, ние триумфиравме со 2-0 на овој натпревар. За нас погодоците беа дело на двајца момци, Борјан Томовски и Филип Кузаревски.