Тренерот на Вардар СЦЈС и воедно селектор на женската сениорска женска ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на 22 ракометарки повикани на подготовките за време на ЕХФ неделата. Истата ќе биде во периодот од 13 март до 19 месецов.
Вардарки доминираат целосно на списокот, поточно се педесет проценти од повиканите. Дури 11 ракометарки од Вардар СЦЈС и Вардар добија покана. Македонија се подготвува за квалификацискиот двомеч против Шведска за пласман на Светското Првенство во Германија 2017. Македонија, двата натпревари против Шведска ќе ги одигра на средината на јуни 2017 година. Повикани ракометарки од црвено-црните тимови се следните девојки: Драгана Петковска, Љупка Белмезова, Теодора Керамичиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Сара Митова, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Прленда и Стефанија Мишевска.