Sunday ,27 September 2020
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Велесилата“ Фарски Острови ја совлада Македонија, вардарки со седум гола
„Велесилата“ Фарски Острови ја совлада Македонија, вардарки со седум гола

„Велесилата“ Фарски Острови ја совлада Македонија, вардарки со седум гола

Земјата која многумина не можат ни да ja пронајдат на географска карта, Фарски Острови ја совлада Македонија на ЕХФ Шампионатот во Литванија. Повторно бледо издание на црвено-жолите, тие дозволија тим од калибарот на Фарски Острови да биде тој што ќе се радува на оваа средба. Проблемот се насетуваше уште вчера кога одвај го совладавме Косово, можеби мотицијата падна по необезбедувањето пласман во 1/2-финалето или пак поради огромниот број мечеви за краток временски период девојките неможат да одигаат на ниво.

Овој дуел го изгубивме со два гола негатива, односно со резултат 30-28. На оваа средба начелно се боревме и имавме добри моменти, враќавме и серии по негатива на противникот, сепак несмеевме да си дозволиме тие да го контолираат делот апак ние да играме споредна улога. Првиот дел  повторно катостофален повторно противникот ја контолираше играта и успеа да оди на одмор со дури шест гола предност. На пауза заминавме со резултат 16-10. Ја подобривме играта во вториот дел се доближивме, но противникот го исконтолира дуелот и однесе победа со два гола, 30-28.

Од вардарки имавме две девојки кои стрелаа, Ивона Трпевска погоди четири пати, Седлоска Андреа стpелаше во три прилики.

По овој пораз ние сме шестти на овој шампионат, на истиот одигравме пет меча загубивме три од нив и имавме една убедлива победа и една минимална.  Сумирано,  подобри сме само од Косово и Грузија, а бидејќи овој шампионат е практично „втора дивизија“, во генерален пласман би биле 27 место во Европа од вкупно 34 земји што се натпреваруваат во младинска женска  конкуренција.