Тренерот на Вардар Јуниор и селектор на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за ЕХФ неделата (20-27 ноември 2017 година). На истиот се најдоа имињата на пет ракометарки од женските клубови на Вардар.
Од црвено-црниот табор покани добија: Јована Саздовска, Сара Ристовска, Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамовска и Леонида Гичевска. Повреда на нашиот лев бек Мирјета Бајрамовска ја спречи да патува за Романија иако беше предвидена.
Македонската женска сениорска репрезентација во рамки на ЕХФ неделата, ќе настапи на меѓународниот турнир „Карпати Трофеј”. Истиот ќе се игра во Крајова, Романија. Покрај нашата земја ќе настапат и селекциите на Романија, Бразил и Полска. Предвидено е мечевите да се играат во периодот 24-26 ноември.
Распоред на натпреварите:
- 24/11/2017 (17:00) Македонија – Бразил
- 25/11/2017 (16:00) Романија-Македонија
- 26/11/2017 (14:00) Македонија – Полска