Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женската екипа на Академија 2 е шампион во Јуниор лигата, кај највозрасната генерација 1998/99

Женската екипа на Академија 2 е шампион во Јуниор лигата, кај највозрасната генерација 1998/99

Денес во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански продолжија финалните натпревари во Јуниор лигата. Во финалната мајсторка, кај највозрасната генерација од женскиот дел, екипата на Академија 2 беше поуспешна од Академија 1.

Убедлива победа за екипата на Академија 2, која имаше контрола на играта во текот на целиот меч, недозволувајќи на противникот ниту во еден момент да се доближи резултатски. Се играше две полувремиња по 20 минути. Започна мечот со водство на Академија 2 од 3:0. додека на првиот погодок Академија 1 чекаше до петтата минута. Продолжи серијата за Академија 1, со нови четири последователни гола, за највисоки 8:1. Академија 2 беше далеку поквалитетна екипа и немаше поголеми проблеми да слави триумф. Во 15 минута од мечот стигнуваат и до двоцифрена предност 14:4. Со крајот на првото полувреме успеваат да постигнат повеќе голови од противникот и на одмор да заминат со предност од 18:6.

vardarfans akademija 2-akademija 1

Вториот дел започна исто така со два погодоци за Академија, за веќе убедливи и недостижни 20:6, по што беше познат победникот во оваа возрасна генерација. Како одминуваше натпреварот, се повеќе се зголемуваше предноста во корист на Академија 2. Во еден момент имаа позитива од шеснаесет погодоци, или резултат 25:9. Академија 1 немаше сили за нешто повече на овој меч, па крајот беше чиста рутина за екипата на Академија 2, која на супериорен начин го освои првото место. Конечниот резултат гласеше 31:13. Фидановска ја предводеше победничката екипа со 10 голови, ја следеше Јованчевска со 7 погодоци. Овие две екипи беа единствените кои се натпреваруваа во регуларниот дел од сезоната, во оваа највозрасна генерација. На овој финален натпревар, победничкиот тим од клупата го водеа Александра Кузмановска, Александар Савов и Горан Велков.

vardarfans finale