На програмата во ракометната црвено-црна “Јуниор лига“ во спортско рекреативниот центар “Кале“ беа полуфиналните мечеви во машка и женска конкуренција кај генерациите 2002/2003 и кај 2004/2005 година. Во женските полуфиналиња од двете конкуренции се сретнаа Академија 1 – Академија 2 и во двете генерации победа однесоа ракометарките на Академија-1 со што обезбедија финале во своите конкуренции.
Во првиот дуел помеѓу Академија-1 и Академија-2 во генерација 2004/2005 победата на Академија-1 беше минимална со еден гол, во одличен и неизвесен дуел пласманот во финалето го обезбедија со 14-13. Тие први поведоа со два едноподруго погодоци, но Академија-2 со серија 1-3 изедначи на 3-3 и навести неизвесен дуел. Девојките од Академија 1 прават серија 5-1 и се одлепуваат на “плус четири“ резултатот на семафорот во спортско рекреативниот центар “Кале“ пред почетокот на последните пет минути од првиот дел гласи 8-4. Академија-2 ја враќа неизвесноста со серија во финишот од 1-3 со која се заминува на одмор. Вториот дел Академија-1 го отвара со гол се игра во продолжение игра гол за гол и со иста предност од “плус два“ влегуваат девојките во финишот со резултат 13-11. Академија-2 се обидува да изедначи и да го однесе мечот во продолжение постигнува два гола, но Академија 1 со еден гол во последниот период обезбедува победа 14-13. Вреди да се напомене дека, дека Академија 2 промаши удар од седум метри, по што резултатот остана непроменет.
Во вториот дуел помеѓу истоимените противници во генерација 2002/2003 повторно по мечот славеше екипата на Академиај-1, само што во овој дуел немаше толкава неизвесност и победникот успеа со голема предност да триумфира, Академија-1 однесе победа и обезбеди финале со 14-8 (6-2).
Првото полувреме беше понеефикасен период од мечот. Двете екипи потешко погодуваа и беа фокусирани на својот гол и одбраната. Со три гола први поведуваат Академија-1 на почетокот и обезбедуваат водство од 3-0. Следува период во кој подобар на теренот е тимот на Академија-2 тие постигнуваат два погодока и примат еден со што ја ублажуваат негативата на два гола 4-2. Девојките од Академија-1 со два гола го носат мечот на пауза со предност четири гола која беше нивна најголема позитива, на одмор се иде со 6-2 на семафорот во спортско рекреативниот центар “Кале“. Вториот дел е далеку поефикасен за двата тима и овој период со гол го почнува тимот на Академија-1, тие со серија 5-2 одат на максимални седум, 11-4. Академија-2 пробуваа да ја врати неизвесноста со серија 1-3 за 12-7. Сепак тоа не беше доволно и Академија -1 го привршува рутинирано мечот и однесува победа со 14-8.