Се поизвесно е дека Француската репрезентативка и моментално член на Баја Маре од следната сезона ќе се врати во редовите на нашиот ракометен шампион. Само да потсетиме дека Алисон Пино беше член на Вардарки во сезоните 2013/2014 и пола сезона 2014/2015, по што беше договорено спогодбено да го раскинат договорот. Минатата сезона Пино настапуваше во екипата на Крим Меркатор, а оваа сезона таа е член на Баја Маре од Романија. Пино игра сезона за незаборав, откако моментално е најдобар стрелец во лигата на шампионите со вкупно 67 постигнати голови, а последен кој ја почуствува нејзината моќ беше екипата на ФТЦ Будимпешта, дуел на кој Баја Маре високо победи а Алисон Пионо беше убедливо најефикасна со 10 постигнати голови. Добрите игри беа најава за Жрк Вардар да ја вратат повторно во својот состав од следната натпревaрувачка сезона.