Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ивона Арсовска: “Јуниор лигата“ ја гледам како предизвик да стигнам до целта, да бидам дел од младинските екипи на Вардар
Ивона Арсовска: “Јуниор лигата“ ја гледам како предизвик да стигнам до целта, да бидам дел од младинските екипи на Вардар

Ивона Арсовска: “Јуниор лигата“ ја гледам како предизвик да стигнам до целта, да бидам дел од младинските екипи на Вардар

Изминатиов викенд се одигра четвртото коло на ракометната “Вардар Јуниор“ лига. Се оди според предвиденото, сите планирани мечеви се одигруваат во закажаните термини. Оваа лига функционира на највисоко ниво и се очекува така да продолжи се до крајот на оваа прва сезона на овој голем проект на ракометниот клуб Вардар. Рк Кузман-Вардар се натпреварува во три возрасни категории 02/03, 00/01 и 98/99.

Оваа “Вардар јуниор“ лига која е организирана од страна на ракометниот клуб Вардар според мене е многу добар проект каде што ние младите можеме да си ги покажеме своите квалитети и таленти. Организацијата за “Вардар Јуниор“ лигата е добра. Сето тоа е многу добро организирано, а натпреварите ни овозможуваат да стекнуваме поголемо играчко искуство.

Арсовска настапува за екипата на Рк Кузман Вардар, генерација родени 2000/2001 година. Имаат одиграно три натпревари, на кои забележаа две победи и еден пораз.

Со оглед на тоа дека сум дел од РК Кузман-Вардар многу сум задоволна од играта на мојот тим и резултатите кои ги постигнуваме,иако секогаш може подобро.Но се разбира сето тоа е благодарение на нашите искусни тренери Александра Кузмановска и Александар Савов.

Желбата да застане на голот на Вардар е голема, но и предизвик да се стигне до посакуваната цел.

Јас лично како голман оваа лига ја гледам како предизвик да стигнам до целта т.е да бидам дел од младинските екипи на Вардар и мислам дека ќе успеам во тоа со многу упорност,работа и преголема желба, изјави Ивона Арсовска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски