Љупка Белмезова е третата ракометарка која ја напушта екипа на ЖРК Вардар СЦЈС. После Симона Стојановска и Наташа Нолевска и голманката Белмезова се реши да ја проба среќата во друг клуб надвор од Македонија. Во новата сезона, Белмезова ќе биде на голот на Панорама од Солун, со кој потпиша договор на една сезона. Како што знаеме од претходно, Симона Стојановска премина во екипата на Погон Балтика од Полска, додека Нолевска потпиша едногодишен договор со екипата на Виборг од Данска.
Сеуште не се знае со каков состав ќе настапува вториот тим на ЖРК Вардар во новата натпреварувачка сезона, кој нема да го гледаме во Челинџ купот, откако клубот се реши на ваков потег да не ја пријавува екипата во европските натпреварувања.