Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките без бодови се враќаат од Автокоманда
Младинките без бодови се враќаат од Автокоманда

Младинките без бодови се враќаат од Автокоманда

Младинките на ЖРК Вардар  предводени од Платон и Кузмановска денес гостуваа во Автокоманда кај екипата на ЖРК Металург во рамки на младинската лига. Нашите девојки во овој дуел беа поразени од домашната екипа со резултат 36-26 ( 17-13).

Први со два гола за предност од 2-0 дуелот го отворија домашните девојки, ние намаливме во продолжение на 2-1. Домаќинките првпат отидоа на “три плус“ при резултат 6-3 за нив, но ние успеавме со серија 0-3 да вратиме и да изедначиме на 6-6 некаде на средината од првиот дел. Потоа двата тима поенираа по два пати во противничката мрежа за 8-8, следеше серија 6-1 на домашните со која се одлепија пред финишот на  14-9. Ние до крајот на првиот дел успеавме да ја ублажиме негативата и заминавме на пауза со резултат 17-13.

Вториот дел  почна со лоша игра на нашата екипа, која домаќинките ја искористија и немилосрдно ја казнија. Тие успеаа да направат огромна серија 9-2 со која се одлепија на двоцифрена предност, 26-15.  Овде може да се каже дека се веќе беше решено големата предност им даваша комоција на сино-белите во продолжението. До крајот екипите играа гол за гол, тие постигнаа речиси идентичен број погодоци. Домашниот тим победи со десет гола предност, 36-26 на овој дуел. Кај нас Неловска Александра имаше осум гола, а Гоцевска Марија постигна шест.

Вардар: Бабунска, Ивановска, Софковска, Неловска 8, Сандева, Величковска 4, Паланковсак 4, Алушовска 1, Стојчевска 1, Костадиновска, Гоцевска 6 и Ангеловска 1.