Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар: Голема благодарност до Општината Аеродром и жителите за одобрената финансиска поддршка
ЖРК Вардар: Голема благодарност до Општината Аеродром и жителите за одобрената финансиска поддршка

ЖРК Вардар: Голема благодарност до Општината Аеродром и жителите за одобрената финансиска поддршка

ЖРК Вардар искажува голема благодарност до Општината Аеродром и жителите на истата за одобрената финансиска поддршка на црвено-црниот женски ракометен колектив. Во овие тешки времиња за сите сфери на општеството во време на светска пандемија, каде особено е погоден спортот во целост ваквиот стимул ќе значи продолжување на една успешна приказна.

Клубот е благодаран, бидејќи беше препознаен проектот за создавање на база за А-селекцијата на Македонија во иднина. Вардар во своите редови има 40-сетина таленирани девојки во два тима. Поголем број од нив се кадетски, младински и А-репрезенативки, а останатите се на прагот да бидат дел од новите селекирање. Тимот чии дом е во Општината Аеродром, односно СЦ „Јане Сандански“ и понатака ќе фунционира на територијата на оваа скопска општина. Посебна благодарност искажуваат за тоа дека беа препознаени како бренд во општината каде што фунционираат, бидејќи одобрените стрества ќе овозможат фунционирање на тимот и продолжување со проектот, во кој години наназад е вложен многу труд, стручна работа, посветеност и финасии за да тимот биде на ова ниво на кое е сега. Посебна тежина оваа одлука на локалните власти има поради тешката ситуација во спорот во земјава, но и светот по речиси една година фунционирање во субстандардни, пандемиски услови.

За крај покрај благодарноста до Општината и жителите им порачуваат дека по крајот на пандемијата кога спортот ќе се игра пред отворени гледалишта дека ги повикуваат сите на дружба и уживање во мајсториите на младите црвено-црни девојки.

user_scoped_temp_data_orca-image-1607697675659_6743172791809421921