Вчера, кадетската женска репрезентација на Македонија имаше победнички старт на Светското првенство на кое сме домаќини и славеше над селекцијата на Сенегал со убедливи 32-13. Следен ривал на Македонија е Узбекистан на мечот што се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Со победа, нашите ракометарки ќе го потврдат местото во главната рунда.
Коцева Борјана имаше 100% ефект, погоди 5/5 и заслужено беше МВП на оваа средба, исти број погодоци од со два обида повеќе имаше нејзината близначка, Бојана. Уште две вардарки имаа погодоци, Равојска Јана и Сара Стефаноска погодија во два наврата.