Турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ која втора година се организираше од страна на ракометниот клуб Вардар, беше активен во изминатиот период. Во женска конкуренција се натпреваруваа екипи, генерации родени 19998/99, 2000/2001 и 2002/03 година. Во генерација 2000/01, во големото “сестринско“ финале се сретнаа двете кадетски екипи на Жрк Вардар. Подобри беа поискусната и повозрасна екипа на Рк Вардар која ја совлада Рк Вардар-Јуниор.
-На овој турнир учествувам веќе втора година. Турнирот е навистина одлична можност за докажување, но и за стекнување нови пријатели. Моите впечатоци се одлични. Многу сум задоволна од тоа како мојата екипа се прикажа на турнирот. Задоволна сум и со мојот придонес за овие успеси, но мислам дека можев да придонесам уште повеќе. Секогаш може повеќе и подобро. Игравме со срце и во овие три натпреварувачки дена докажавме дека нашата целокупна работа, која претходеше на овој турнир, се исплатеше.
На свеченото затварање се избираше идеалниот тим, како о наградите за најдобар голман, стрелец и играч.
-Во финалето се сретнавме со другата кадетска екипа Вардар Јуниор, што воедно и беше наша цел, да го одиграме финалето со нашите другарки за на крај сите заедно да прославуваме. Исходот од натпреварот се наѕираше уште на крајот од првото полувреме, за на крај да заврши со наша победа. На крајот од овој меч немаше победници и поразени. Ние заедно го прославивме нашиот успех што игравме во големото финале на овој турнир. Во завршниот дел од турнирот се доделуваа дипломите, медалите и трофеите, а на крај се бираше идеалниот состав на овој турнир. Нашиот тим зеде учество и во тој идеален тим преку двете крила Бојана Диневска и Ивона Трпевска, како и Анастасија Нелоска на позицијата среден бек.
Деспина Буцевска од редовите на Рк Вардар беше избрана за најдобар голман.
-На крајот се доделуваа трофеите за најдобар играч, стрелец и голман. Навистина не очекував дека ќе ме изберат за најдобар голман на овој турнир. Оваа награда ми значи многу и претставува дополнителен поттик да работам уште понапорно на тренинзите и претстојните натпревари во Кадетската лига, изјави Деспина Буцевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски