Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Четири ракометарки на Жрк Вардар, во ТОП 50 листа на стрелци во ЛШ
Четири ракометарки на Жрк Вардар, во ТОП 50 листа на стрелци во ЛШ

Четири ракометарки на Жрк Вардар, во ТОП 50 листа на стрелци во ЛШ

После три одиграни кола во лигата на шампиони, екипата на Жрк Вардар се наоѓа на првото место на табелата во својата група. Тие имаат 4 бода, исто како Митјиланд и Ѓер, но поради најдобрата гол разлика го заземаат лидерското место. Четири наши ракометарки се наоѓаат на листата во ТОП 50 најдобри стрелци во најголемото ракометно натпреварување.

Дефинитивно број еден ракометарка во нашите редови е Андреа Пенезиќ која со вкупно 17 постигнати голови се наоѓа на делба на 11 позиција. Пенезиќ на првите два одиграни меча во ЛШ, имаше само 7 погодоци, но блесна во вистински момент на дуелот со Данскиот шампион. Беше убедливо најефикасна во неделата, зад нејзиното име беа запишани 10 погодоци. Хрватската репрезентативка минатата сезона ја заврши на делба на првото место, заедно со Неагу кои имаа по 102 голови. Втора на оваа позиција во нашиот состав е организаторот на играта Андреа Лекиќ, која го дели 31 место, со вкупно 12 голови. Маја Сокач која најчесто ги изведува ударите од седум метри се наоѓа на 47 место со 10 голови зад нејзинто име. Последна на оваа листа е засилување во новата сезона, Српската репрезентативка Сања Дамњановиќ која ја заокружува листата на ТОП 50 најефикасни игачи во првите три кола на ЛШ. Дамњановиќ до сега има впишано 9 голови.

Листата на најдобри стрелци ја предводи Кабрал Барбоса од Француски Флери со вкупно 24 голови. Да потсетиме дека оваа ракометарка пред три сезони беше поврзувана со екипата на Вардар, но такво нешто не се реализира. На второто место ја имаме поранешнатата Вардарка Алисон Пино, која сега настапува за Баја Маре.