Во рамките на претпоследното коло од групата Ц, Вардарки гостуваат во Будимпешта, на екипата на ФТЦ. Истиов противник го совладавме на стартот на сезоната, кога во С.Ц. Јане Сандански триумфиравме со три голови разлика. На овој натпревар, пикерот Драгана Цвијиќ, треба да го понесе товарот на својата позиција во нападот, но исто така треба да биде главен бедем пред налетите на противничките играчи. Во изјава за официјалната страна на клубот, Цвијиќ вели дека овој дуел ќе покаже до каде е формата на Вардар оваа сезона.
-Не треба да се плашиме од ништо. Игравме со нив, и знаеме дека се незгоден тим. Првиот меч во Скопје не е вистинскa слика. Тие потоа ја подобрија формата и одиграа еден одличен натпревар со Ѓер. Сигурно дека таа емоција уште ги носи. Ќе биде тешко, навивање на трибините и полна сала. Драго ми е што имаме ваков меч, тој ќе покаже каде сме со формата. Ако добро одговориме на оваа задача ќе знаеме дека сме подготвени за високи дострели.
И на овој натпревар се очекува главна “мета“ на противничките играчи да биде Цвијиќ, но таа вели дека тоа е веќе нормална работа во спортот.
-Дали ќе играат грубо. Па исто е секогаш. Нема многу да размислувам. Сите ме тепаат, но јас го сакам спортот. Тоа е нормално,