Денес во Спортскиот Центар Кале ќе се одигра полуфиналето од купот на Македонија во женска ракометна конкуренција. Оваа година истиот е во организација на Ракометната Федерација на Македонија .Во полуфиналното соочување како што посака ждрепката ќе се сретнат двата црвено-црни состави првиот и вториот тим на ЖРК Вардар .
Натпреварот е зажан денес во 19часот и 30 минути во Кале. На истиот билетите за следење на мечот се по симболична цена од само 50 денари. Вардар го брани трофејот и влегува како огромен фаворит за освојување на третиот едноподруго Куп трофеј .Во финалето црвено- црните девојки ќе се сретнат со подобриот од другиот полуфинален дуел кој се игра во 17-00 часот исто така во Кале помеѓу екипите на ЖРК Металург и ЖРК Пелисер-Битола. Финалето е закажано за утре 16 Мај со почеток во 15-00 часот . Мечот за пехарот ќе се одигра во домот на црвено-црните Спортскиот Центар Јане Сандански.
фото:жрквардар.мк