Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес на ЖРК Вардар пред почетокот на Л.Ш Кастратовиќ и Радичевиќ оптимисти
Прес на ЖРК Вардар пред почетокот на Л.Ш Кастратовиќ и Радичевиќ оптимисти

Прес на ЖРК Вардар пред почетокот на Л.Ш Кастратовиќ и Радичевиќ оптимисти

 Ракометарките на Вардар во петок ја отвораат новата сезона во Лигата на шампионките. Унгарски ФТЦ Будимпешта е првиот противник што ќе гостува во Скопје по тој повод на стандардната прес конференција пред дуелот во Л.Ш вардарки ги соопштија својте мислења. Индира Кастратовиќ тренерот на женскиот клуб Вардар за предизвиците кој ги очекуваат девојките во престојната сезона 2016/2017 во ЕХФ Лигата на шампионките го изјави следново:

Како тренер на Вардар можам да кажам дека сум задоволна од девојките како работеа и колку вложуваат на тренинзите, затоа се надевам дека тоа ќе го пренесат на натпреварот во петок што со нетрпение го очекуваме. Им кажав на девојките дека сите со нетрпение го очекуваме тој петок, но не смееме да изгориме во нашата желба.
На отворањето на минатата година изгубивме од Ѓер, и беше лош натпревар, се надевам дека ќе ја поправиме сликата за нашите почетоци на сезоната. Се подготвуваме за ФТЦ, не само преку гледање видео, туку и на самиот тренинг. Новите девојки лесно се вклопија во тимот, единствен проблем е што имаме малку контролни натпревари, но не смееме да бараме изговор во тоа. Нема да можеме да сметаме на Лекиќ и Кликовац на овој дуел, но останатите девојки се подготвени да дадат се од себе на првиот дуел, и ќе биде уживање за сите оние што ќе дојдат да не бодрат.

Црнагорската интернационалка во нашите редови крилниот играч на вардарки Јованка Радичевиќ на прес конференцијата за медиумите го изјави следново:

Конечно го дочекавме денот до почетокот на ЛШ, бидејќи знаете тешко е кога само тренирате, а дури за месец или два почнува силно натпреварување. За нас секоја година првиот меч секогаш е тежок со оглед на тоа што немаме силни натпревари, и силна лига, за да знаеме во каква форма сме, но тоа не ни дава за право да не дадеме сè од себе и во петок да излеземе уште од самиот почеток да бидеме максимално ангажирани, и на самото загревање противникот да види во нашите очи дека нема што да бара против нас. Верувам дека сме подготвени, добро трениравме и новите ракометарки добро се вклопија, и од првиот меч ќе покажеме каков треба да биде Вардар, и верувам во тоа. Ракометарките на ФТЦ се во натпреварувачка форма, играат секоја среда и недела натпревар, нема да ни биде лесно, но мора да испочитуваме се што бара тренерот од нас. мора да се справиме со нив. Верувам во победа, ги повикувам сите навиачи да дојдат во што поголем број, ќе биде празник на ракометот, бидејќи ова го чекаме долго долго време.