Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките на почетокот од идната недела тргнуваат со подготовки
Девојките на почетокот од идната недела тргнуваат со подготовки

Девојките на почетокот од идната недела тргнуваат со подготовки

По крајот на паузата за момците, летниот одмор завршува полека  и за женскиот европски вице првак Вардар.   Ракометарките веќе во понеделник, 31-ви јули    во Скопје каде ги почнуваат подготовките за новата сезонa. Целта е непроменета,  конечно во петтиот обид да се освои европскиот врв.

За новата сезона вардарки имаат дури пет нови имиња во составот, станува збор за: Теа Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, сите репрезентативки на Македонија, Русинката Полена Кузнецова и Србинката Драгана Цвијиќ. Според планот првиот тренинг е закажан за  во вторник на 1 август попладне, потоа девојките четири денови ќе се работи во Скопје. Следна фаза е  заминување за Златибор каде се останува десет денови. По враќањето дома, ќе се подготвуваме за настап на турнирот чии домаќини сме ние во периодот од 23- 26 август во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје.