Селекторот на сениорската женска репрезентација на Македонија, г-дин Љубомир Савевски го објавува списокот на повикани ракометарки за собир и настап на претстојната ЕХФ недела.
Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат две контролни средби против селекцијата на Турција во Анкара, натпреварите се предвидени да се одиграат на 02.03 и 04.03.2023 година. Вардар има дури четири девојки на списокот од 18.девојки, тука се пикерот Ивана Џатевска, сестрите Бојана и Бојана Коцева и капитенот на тимот Бојана Диневска. Нашиот капитен долго и вредно работеше, постојано беше дел од најдобрите девојки во мак.ракометот, сепак изостануваше повикот, кој конечно дојде за еден вака квалитетен играч.