Претстојниве два дена спортскиот центар Јане Сандански ќе биде домаќин на завршниот турнир во женската регионална лига. Четири екипи ќе се борат за првото место, меѓу кои е и нашиот ракометен шампион. Во првото полуфинале кое започнува од 15:30 часот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Подравка, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Будуќност и Крим, меч кој е закажан од 18:00 часот. Влезот за сите натпревари е бесплатен.
Натпреварите кое ќе ги играат Вардарки ќе бидат пренесувани на МТВ-1. Така денес со директен пренос ќе оди мечот на Вардар и Подравка, додека во евентуалното финале кое е повеќе од очекувано за црвено-црните, истото ќе се игра во среда со почеток од 18 часот. Овие два натпревари на завршниот турнир во регионалната лига ќе бидат добра подготовка за нашиот состав, пред главниот предизвик кој им претстои, а тоа е завршниот турнир од лигата на шампионите, кој се игра на 6 и 7 мај во Будимпешта. Таму знаеме во полуфиналето, Вардар ќе се сретне со екипата на ЦСМ Букурешт.