Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младите вардарки утре го пречекуваат “фенерџијата“, тимот на ЖРК Гевгелија
Младите вардарки утре го пречекуваат “фенерџијата“, тимот  на ЖРК Гевгелија

Младите вардарки утре го пречекуваат “фенерџијата“, тимот на ЖРК Гевгелија

Девојките на Симе Симовски, младите вардарки од екипата на Вардар Јуниор во рамки на 23.коло од  женската Супер лига утре го пречекуваат тимот на “фенерџијата“ во лигата екипата  на ЖРК Гевгелија.  На нас ни гостува тимот кој е последно пласиран во лигата со само пет бода освоени досега, во овој дуел ние сме фаворити за победа.

Натпреварот се игра утре, среда, 11.април со почеток во 19-00 часот во Спортско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје. За судии на овој натпревар се делегирани Илиева Марија и Карбеска Силвана од Скопје, делегат на дуелот е нивниот сограѓанин Локвенец Златко.