Денес во Спортскиот центар “Кале“ се играа дуели од 9.коло во ракометната вардарова Јуниор Лига. Кај девојките во генерација родени 2006/2007 се одигра еден дуел. Во него се сретнаа екипите на РК Делчево Вардар и РК Кале Кичево.
Победа на овој женски дуел со резултат 20-9 (8-4), однесе екипата на РК Кале Вардар од Кичево. Први со гол на почетокот дуелот го отворија девојките од Делчево, а нивниот ривал веднаш врати и изедначи. По 4.минута игра беше реми, 2-2, по што 1-5 на плус четири се одлепи екипата од Кичево која поведе со 3-7. По ова двата тима постигнаа по еден гол во противничкиот гол па на одмор заминавме со резултат 8-4 на семафорот.
Вториот дел почна со серија 0-5, по која РК Кале Вардар поведе со дури девет гола, тие со резултат 4-13 најавија победа. Откако беше решено прашањето на победникот од минута во минута дамите од кичевскиот состав ја зголемуваа предноста. Тие на крајот победија со двоцифрена разлика, односно со 11 гола, резултатот со кој се заврши овој меч беше 9-20.