Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар јуниор во Челинџ двапати ќе биде домаќин на Војводина на 16/17.01. во понеделник “тест“ со Крајова
Вардар јуниор во Челинџ двапати ќе биде домаќин на Војводина на 16/17.01. во понеделник “тест“ со Крајова

Вардар јуниор во Челинџ двапати ќе биде домаќин на Војводина на 16/17.01. во понеделник “тест“ со Крајова

Младиот тим на Вардар јуниор по елиминацијата на британскиот тим Лондон, во следната фаза поточно во  1/8 финалето од  Челинџ купот се сретнува со српскиот претставник Војводина. Како што е веќе договорено нашите девојки  два пати ќе бидат домаќин на Минаква Војводина. Овој осминафинален  дуел  ќе се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“  и истиот е закажан за на  16 и  17 јануари. Причината за ваквиот договор е желбата на обете екипи  за да заштедат време и финансиски средства.

На првиот дуел домаќин ќе биде ЖРК Вардар јуниор, истиот е закажан со почеток  14:00 часот.  Вториот меч за “формален домаќин“ го има тимот на  Минаква Војводина, истиот е закажан час подоцна, со почеток во  15:00 часот. Победникот во овој дуел се пласира во следната  четвртфинална фаза од Челинџ купот. За да биде во форма младата екипа на Вардар ќе игра тест-дуел со Крајова од Романија. Тие   ќе пристигнат во Скопје во недела 27 , а следниот ден ќе одигра тест-меч  со Жрк Вардар јуниор. Ден потоа на  29 декември ќе се сретнат  со нашиот прв тим, а на 30 декември ќе го одиграат вториот дуел  со Вардар јуниор. Крајова е моментално се наоѓа на шестата позиција  во романското лига.

Ова е распоред на пријателските натпревари со Крајова

  • 28 декември (18 часот) – Вардар јуниор – Крајова
  • 29 декември (18 часот) – Вардар – Крајова
  • 30 декември (12 часот) – Вардар јуниор – Крајова