Вчера во просториите на ракометната федерација на Македонија беа извлечени четвртфиналните двојки во купот на Македонија во женска конкуренција. Ждрепката сакаше во оваа елиминациска рунда да се сретнат двете екипи на Вардар, а победникот од овој натпревар ќе се пласира на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Сеуште нема точен термин на одигрување на натпреварот, но треба да биде на 19 или 20-ти април. Вардар е несомнено голем фаворит за двојната домашна титула и не би требало да има никакви проблеми кон остварување на целта.
Четвртфиналните двојки се следниве:
Гевгелија – Овче Поле
Вардар СЦЈС – Вардар
Куманово – Металург
Прилеп – Пелистер