Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Двете екипи на ЖРК Вардар утре ја отвараат новата сезона во женската лига, дербито е помеѓу Вардар Јуниор и Металург
Двете екипи на ЖРК Вардар утре ја отвараат новата сезона во женската лига, дербито е помеѓу Вардар Јуниор и Металург

Двете екипи на ЖРК Вардар утре ја отвараат новата сезона во женската лига, дербито е помеѓу Вардар Јуниор и Металург

Двете екипи на ЖРК Вардар утре ја отвараат новата сезона во женската лига. Познато е дека од првото коло ќе започне да се натпреварува и шампионот на Македонија, како и вицешампионот на Европа, екипата на ЖРК Вардар, која во првото коло на домашен терен го пречекува тимот Гевгелија. Овој дуел се игра во спортскиот центар Јане Сандански, со почеток од 16:00 часот. Изминативе денови, црвено-црните беа дел од првиот турнир во регионалната лига, кој се играше во Подгорица, каде Вардар забележа две победи, во дуелите со екипите на Будуќност и Крим Меркатор.

Дербито во првото коло го играат екипите на Вардар Јуниор и Металург. Двата состави оваа сезона влегуваат доста подмладени, со многу изменети екипи. Симовски и Царчев остануваат на клупата на Вардар Јуниор и во новата натпреварувачка сезона, каде ќе се обидат да го извлечат максимумот од овие млади девојки, кои до минатата сезона играа во младинските екипи на клубот. Најголем дел од играчите кои минатата сезона го сочинуваа “костурот“ на тимот си заминаа во екипи надвор од Македонија, давајќи им шанса на друга генерација на млади ракометарк, кои треба да “затропаат“ на вратата на првиот тим. Дербито со Металург стартува од 19:00 часот во С.Ц. Јане Сандански.