Вчера во Анталија женската сениорска репрезентација на Македонија со победа против репрезентацијата на Косово го заврши настапот на меѓународниот турнир во Турција.
Избраничките на Симе Симовски во последниот натпревар од турнирот уште по првиот дел најави триумф над соседот. Ние со четири позитива, 17:13 заминавме на одмор помеѓу двете полувремиња. Во исти ритам го одигравме и вториот период до 30.минути. Победата дојде со три гола предност односно со резултат 30:27.
Беа одиграни четири мечеви, имавме две победи еднаш одигравме реми и еднаш бевме поразени со што го освоиме второто место на овој турнир. На вчерашниот дуел од вардарки настапи Ивана Џатевска, нашиот пикер го одигра речиси целиот дуел. Џатевска имаше задачи во одбраната кои одлично ги изврши па селекторот и даде прилика речиси 50-сетина минути да биде на чело на одбраната.
Седлоска не доби прилика за настап на овој дуел.