Репрезентацијата на Македонија загуби на гостувањето во Шведска во првото коло од квалификацискиот циклус за Европското првенство 2020 година. Црвено-жолтите дами забележаа пораз со резултат 35-26, истото беше наговестено по крајот на првиот дел кога на пауза се замина со резултат 20-13.
Она што денес остави впечаток е дебито на Вардарката, пикерот пред кој е светла иднина, Ивана Џатевска. Таа ова лето беше главен столб на одбраната и убоита во нападот во кадетската и младинската селекција. Добрите игри и донесоа деби за А-селекцијата на само 16.години. Таа така млада ја искуси жестината на сениорски квалификации. Таа доби речиси 1/3 од времето можност за настап, веднаш покажа што знае. Имаше во одбраната жестоки дуели кои ги доби, од кој два типично во нејзин стил, со многу енергија и жестина. Во напад правеше одлични блокови, и одигра како да има долг сениорски стаж со тимот. Таа ги положи сите можни испити на зрелоста на овој меч, дефинитивно Вардар создава шампиони.
Интересен момент имаше во ТВ преносот кога коментаторот на Канал-5, изјави: Ова е пикерот Ивана Џатевска, станува збор за 16.годишна ракометарка на Вардар, запомнете ја…